إعدادات العرض
„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘…
„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘ Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘ Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, излегол на денот на курбанскиот или рамазанскиот бајрам на местото каде што се извршувал намазот на отворено. Поминал покрај жените и им рекол: „,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘ Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘ Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘ Тие прашаа: ,Во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата, о Божји пратенику?‘ Тој рече: ,Не ли сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзиниот разум. И не ли кога има менструација, не клања и не пости?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзината вера.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල Nederlands Tiếng Việt অসমীয়া ગુજરાતી Kiswahili አማርኛ پښتو ไทย മലയാളം नेपाली Magyar ქართული తెలుగుالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на денот на Бајрам излегол на местото каде што се извршувал намазот на отворено. Тој им имаше ветено на жените дека ќе им одвои посебен момент за да им се обрати, па тој ден го исполни своето ветување и рече: „О жени, давајте садака и многу барајте прошка, бидејќи тие се меѓу најголемите причини за бришење на гревовите. Навистина, во ноќта на Исра видов дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.“ Тогаш една од жените, која беше разумна, мудра и угледна, го праша: „А зошто, о Божји пратенику, сме повеќето жители на Џехенемот?“ Тој одговори: „Поради неколку работи: многу проколнувате и навредувате, и не го признавате правото на вашите сопрузи.“ Потоа ги опиша со зборовите: „Не сум видел никого со помал разум и вера кој повеќе би можел да надвладее разумен, промислен и одлучен маж како една од вас.“ Таа праша: „О Божји пратенику, во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата?“ Тој одговори: „Што се однесува до намалувањето на разумот, сведоштвото на две жени е еднакво со сведоштвото на еден маж – тоа е недостатокот на разумот. А што се однесува до недостатокот на верата, тоа е намалувањето на добрите дела, бидејќи жената останува неколку ноќи и денови без да клања поради менструацијата и пропушта денови од постот во месецот рамазан поради менструацијата. Тоа е недостатокот на верата. Но, тие за тоа не се прекоруваат ниту казнуваат, бидејќи тоа е дел од нивната природа на која се створени, исто како што човекот е создаден со љубов кон богатството, со нетрпеливост и незнаење, и други нешта." Овој недостаток е спомнат како предупредување за да се избегне соблазнување преку нив.فوائد الحديث
Препорачаноста на излегувањето на жените за бајрамскиот намаз ида им се обратиме со посебен совет.
Неблагодарноста кон сопругот и честото проколнување се од големите гревови, бидејќи заканата со Џехенемот е доказ дека гревот е голем.
Во ова има објаснување дека иманот се зголемува и се намалува. Оној чии ибадети се поголеми, неговиот иман и вера се зголемуваат, а оној чии ибадети се помали, неговиот иман сходно се намалува.
Имамот ен-Невеви рекол: „Разумот се зголемува и се намалува, исто како и иманот. Спомнувањето на намалувањето кај жените не е со цел тие да бидат укорени, бидејќи тоа е дел од нивната природа. Намерата е предупредување за да се избегне соблазнување преку нив. Затоа, казната е поврзана со она што беше спомнато од неблагодарноста и другото, а не со самиот недостаток. Намалувањето на верата не е ограничено само на она што води кон грев, туку опфаќа повеќе од тоа.“
Ова укажува на дозволеноста ученикот да го праша учениот или следбеникот да побара објаснување од оној што го следи, доколку нешто не му е јасно.
Во ова има потврда дека сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот поради нејзината помала способност за прецизно помнење.
Ибн Хаџер, во својот коментар на зборовите: „Не сум видел никого со помал разум..." до крај на хадисот, рече: „Јасно ми е дека тоа е една од причините зошто тие се повеќето жители на Џехенемот. Бидејќи ако тие се причина разумниот маж да го изгуби разборот до степен да направи или каже нешто што не треба, тогаш тие учествуваат во гревот заедно со него, па дури и го зголемуваат.“
Забранетоста на извршувањето на намазот и постот за жената за време на нејзината менструација, а истото важи и за време на постпородилното крварење. Потоа, тие го надополнуваат само постот откако ќе станат чисти.
Благородниот карактер на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се покажува во тоа што им одговарал на прашањата на жените без да ги прекори или укори.
Ибн Хаџер рекол: „Садаката ја отстранува казната и може да ги избрише гревовите што се направени кон луѓето.“
Имамот ен-Невеви рекол: „Недостатокот на верата кај жените е во тоа што тие го оставаат намазот и постот за време на менструацијата. Оној чиј ибадет е поголем, неговиот иман и вера се зголемуваат, а оној чиј ибадет е помал, неговиот иман исто така се намалува. Намалувањето на иманот може да биде на начин предизвикан од грев, како оставањето на намазот, постот или други задолжителни ибадети без оправдание. Исто така, може да биде во нешто што не носи грев, како што е оставањето на џума намазот, учеството во џихадот или друго што не е задолжително без оправдание. А може да биде и во нешто што е пропишано, како што е оставањето на намазот и постот кај жената за време на менструацијата. Овој вид намалување не е причина за прекор, туку е дел од природата со која тие се создадени.“