Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, помеѓу две сеџди, велел: „Аллаху, прости ми, смилувај ми се, дај ми здравје, упати ме и нахрани ме!“

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, помеѓу две сеџди, велел: „Аллаху, прости ми, смилувај ми се, дај ми здравје, упати ме и нахрани ме!“

Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, помеѓу две сеџди, велел: „Аллаху, прости ми, смилувај ми се, дај ми здравје, упати ме и нахрани ме!“

[حسن بشواهده] [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ја кажувал оваа дова со пет реченици, помеѓу две сеџди во намазот. А сето тоа нужно му е потребно на секој муслиман, бидејќи го опфаќа и овосветско и ахиретско добро. Барањето прошка и простувањето на гревот, барањето милост, спас од сомнежите, забранетите страсти, незнаењето и болеста. Дополнително, бараме упатство од Аллах кон вистината и постојаност во истата и на крајот бараме снабдување со верувањето, знаењето, добрите дела и халал имот.

فوائد الحديث

Пропишано е оваа дова да ја кажуваме помеѓу двете сеџди во намазот.

Вредноста на оваа дова која содржи овоземното и ахиретско добро.

التصنيفات

Опис на намазот, Зикрови во намазот