„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“

„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферирал и давал предност на започнувањето со десната страна при почесните работи, како што се: Обувањето обувки, почнувајќи со десната нога. Чешлањето и средувањето на косата и брадата, како и нанесувањето масло. При земањето абдест, прво ги миел десната рака и десната нога, а потоа левата.

فوائد الحديث

Имамот Невеви рекол:

„Ова е постојан принцип во шеријатот – сè што спаѓа во категоријата на почесни и достоинствени работи, како што се облекувањето облека, панталони и обувки, влегувањето во џамија, користењето мисвак, ставањето сурма, сечењето нокти, кратењето мустаќи, чешлањето и средувањето на косата, отстранувањето на влакна од пазувите, бричењето на главата, завршувањето на намазот со селам, миењето на деловите од телото при абдест, излегувањето од тоалет, јадењето и пиењето, ракувањето, допирањето на црниот камен и сè што е од слично – се препорачува да се започне со десната страна.

А сè што е спротивно на ова, како што се влегувањето во тоалет, излегувањето од џамија, чистењето на носот, миењето по нужда, соблекувањето облека, панталони и обувки и слично – се препорачува да се започне со левата страна.

Сето ова е поради почеста и вредноста на десната страна.“

„Преферираше да започнува со десната страна“ – ова вклучува започнување на постапките со десната рака, десната нога, десната страна од телото и користење на предмети со десната рака.

Имамот Невеви рекол:

„Знај дека кај некои делови на телото при абдестот не се препорачува да се дава предност на десната страна, како што се ушите, дланките и образите, туку тие се мијат истовремено. Сепак, ако тоа не е возможно, како кај оној што има недостиг на екстремитет (дел од телото, како на пример ако нема една рака), тогаш ќе му даде предност на десната страна.“

التصنيفات

Облека на Аллаховиот пратеник, Упатствата на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него