إعدادات العرض
„О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“
„О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден човек влезе во џамијата во петок, од вратата што беше спроти куќата на судството, а Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба. Човекот се сврте кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоејќи, и рече: „О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд!“ Енес рече: „Се колнам во Аллах, не видовме на небото ниту облак ниту малечко парче облак, и меѓу нас и планината Салʿ немаше ни куќа ни живеалиште. Тогаш се појави зад неа облак како штит; кога стигна на средината на небото се рашири, па заврна дожд. Се колнам во Аллах, не го видовме сонцето шест дена. Потоа, еден човек влезе од истата врата во петок, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба, и му рече стоејќи: „О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да го запре дождот од нас.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, околу нас, а не врз нас. О, Аллах, по ридовите и високите предели, низ долините и местата каде растат дрвјата.“ Па веднаш престана дождот, и излеговме одејќи под сонцето. Шерик рече: „Го прашав Енес бин Малик: ,Дали тоа беше истиот човек од првиот пат?’ Тој рече: Не знам.‘“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî دری বাংলা Magyar Tiếng Việt ქართული ไทย অসমীয়া Nederlands ਪੰਜਾਬੀالشرح
Еден бедуин влезе во џамијата на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во петок, од западната врата на џамијата, спроти куќата на Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, додека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба. Човекот се сврте кон Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „О, Божји пратенику, пропаднаа стоките и патиштата се прекинаа поради умирањето на животните кои ги пренесуваат луѓето или нивната слабост од глад. Па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“ Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд!“ Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, рече: „Се колнам во Аллах, не видовме на небото ниту облак, а меѓу нас и планината Салʿ, западно од џамијата, од каде што доаѓаат облаците, немаше ни куќа ни живеалиште што ќе ни го прекрие видикот.“ Енес, Аллах нека е задоволен со него, рече: „Тогаш зад неа се појави облак кружен како штит. Кога стигна на средината на небото над Медина, се рашири и заврна дожд. Се колнам во Аллах, не го видовме сонцето поради дождот сè до наредниот петок, кога истиот човек влезе од истата врата, а тој, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба. Човекот се сврте кон него стоејќи и рече: ,О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да го запре дождот од нас.’“ Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, насочи го дождот околу нас, а не врз нас. О, Аллах, на високите предели од земјата како ридовите и малите планини, во долините и местата каде што растат дрвјата.“ Енес рече: „Дождот престана да паѓа, па излеговме одејќи под сонцето.“فوائد الحديث
Преземањето на дејства како причина за барање ризк (снабдување) – како довата и движењето по земјата – не се коси со потпирањето на Севишниот Аллах.
Препорачливоста да се упатува оваа веровесничка дова при барање дожд.
Дозволено е да се бара разведрување – запирање на дождот – кога тој предизвикува штета, а да продолжи да паѓа врз ридовите, високите предели и долините, бидејќи тоа повеќе одговара за земјоделството и пасиштата.
Дозволено е да се бара дова од оние за кои се смета дека се праведни и богобојазливи, од живите и присутните – и тоа е дозволен вид на тевесул. Додека тевесул преку положбата или угледот на некое од созданијата, било живо или мртво, не е дозволен, бидејќи се смета за причини што водат кон ширк.
Пропишана е упорноста во довата и нејзиното повторување.
Дозволено е да му се обрати на хатибот кога има потреба.
Јасно покажување на Аллаховата сила во спуштањето на дождот и во неговото запирање.
Мудроста на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, се огледа во тоа што упатил дова да престане дождот таму каде што предизвикува штета, а да продолжи да паѓа таму каде што носи корист.
Пропишано е истиска (дова за дожд) да се прави во текот на хутбето.
Кревањето на рацете при дова е пропишано, затоа што изразува потреба и очекување на дарување; а учените се согласни дека во оваа ситуација рацете се креваат.
Ова е еден од знаците на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кој сведочи за неговото пратеништво, бидејќи неговата дова беше веднаш примена – и со започнување на дождот и со неговото запирање.
التصنيفات
Намаз за дожд