, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“

, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“

Муаз ибн Џебел, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, алејхи селам, го фатил за раката и рекол: „,О Муаз, те сакам во име на Аллах‘, а потоа рече: ,Те советувам, о Муаз, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“

[صحيح]

الشرح

Пратеникот, алејхи селам, ја зел раката на Муаз, радијаллаху анху, и му рекол: Те сакам во името на Аллах и те советувам, о Муаз, да не оставаш, а на крајот од секој намаз да не кажеш: „Аллахумме еинни ала зикрике“ – Аллаху мој, помогни ми да те спомнувам, со секој збор и дело кое ме доближува до покорноста кон Тебе, „ве шукрике“ – и да Ти се заблагодарувам, за благодатите да станат поблиски, и да се оддалечат тешкотиите, „ве хусни ибадетике“ и на најубав начин да те обожувам, со потполна искреност кон Аллах и следејќи го Пратеникот, алејхи селам.

فوائد الحديث

Пропишано е да се извести некоја личност дека се сака во името на Аллах.

Пофално е овој зикр да го кажеме на крајот на секој пропишан или доброволен намаз.

Во оваа молитва, со малку зборови, се кажани сите неопходни работи од овој и идниот свет.

Една од корисните работи на љубовта во име на Аллах е меѓусебно советување и препорачување на вистината, и помагање во богобојазливоста и добрината.

Ет-Тиби рекол: „Спомнувањето на Аллах води до состојба на великодушност, а благодарноста кон Него е средство за постигнување благодат, а искрен и правилен начин на обожување е оддалечување од она што нè одвраќа од Аллах, Возвишениот“.

التصنيفات

Зикрови во намазот