إعدادات العرض
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет…
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“
Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“ Потоа дојде друг човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ Пратеникот му возврати на селамот, и тој седна, па Пратеникот рече: „Дваесет (награди).“ Потоа дојде трет човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ Пратеникот му возврати на селамот, па и тој седна. Пратеникот рече: „Триесет (награди).“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tagalog Hausa Kurdî Русский Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа десет добри дела.“ Потоа дојде друг и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа дваесет добри дела.“ Потоа дојде трет и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа триесет добри дела.“ Ова значи дека за секој збор од селамот има по десет добри дела.فوائد الحديث
Оној што доаѓа треба прв да ги поздрави со селам оние што веќе седат.
Колку повеќе зборови содржи селамот, толку е поголема наградата.
Најсовршената форма на селамот е: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху“, а најдобриот одговор е: ,,Ве алејкум селам ве рахметуллахи ве берекатуху“.
Степените на селамот и неговото возвраќање се разликуваат, па соодветно на тоа се разликува и наградата.
Луѓето треба да се подучуваат на доброто и да се поттикнуваат да го постигнат она што е највредно.
Ибн Хаџер рекол: „Ако оној што започнува со селамот додаде ве рахметуллах, препорачливо е во одговорот да се додаде ве берекатуху. Ако, пак, додаде и ве берекатуху, се поставува прашањето – дали е дозволено во одговорот да се додаде нешто повеќе од тоа? Исто така, ако оној што го започнува селамот го надмине со зборови изразот ве берекатуху, дали е дозволено тоа? Имамот Малик пренесува во „Мувета“ од Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, дека селамот завршува со зборот берекатуху.“