إعدادات العرض
„Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
„Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Kiswahili Português සිංහල Nederlands Tiếng Việt অসমীয়া ગુજરાતી አማርኛ پښتو Hausa ไทย Tagalog മലയാളം नेपाली Magyar ქართული తెలుగు Svenskaالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека луѓето кои ќе седнат на некоја седенка, а потоа ќе станат од неа без да го спомнат Аллах, се како оние што се собрале околу леш од магаре, во смрдеа и нечистотија. Тоа е бидејќи се зафатиле со бескорисни разговори што ги одвратиле од спомнувањето на Аллах, па таквата седенка ќе им биде причина за тага, жалење и загуба на Судниот ден.فوائد الحديث
Она што е спомнато како предупредување за занемарувањето на спомнувањето на Аллах не се однесува само на седенките, туку важи општо за сите ситуации. Имамот ен-Невеви рекол: „Се смета за непожелно некој да седне на одредено место, а потоа да го напушти без да го спомне Аллах во него.“
Каењето што ќе ги снајде на Судниот ден ќе биде или поради пропуштената награда и благодатите, бидејќи времето не го искористиле во покорност кон Аллах, или поради гревот и казната, затоа што времето го потрошиле во непослушност кон Него.
Ако ова предупредување важи за занемарувањето на спомнувањето на Аллах дури и на дозволените собири, тогаш каква ли е состојбата кога станува збор за забранетите собири на кои има озборување, клеветење и други гревови?!
التصنيفات
Вредностите на зикрот