„Кој ќе изговори: ,Субханаллахил-Азим ве бихамдихи’ – ќе му биде засадена палма во Џенетот.“

„Кој ќе изговори: ,Субханаллахил-Азим ве бихамдихи’ – ќе му биде засадена палма во Џенетот.“

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе изговори: ,Субханаллахил-Азим ве бихамдихи’ – ќе му биде засадена палма во Џенетот.“

[صحيح] [رواه الترمذي]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној што ќе ја изговори оваа реченица – со која Го слави Аллах, Го смета за чист од сите недостатоци, и Го фали со Неговите возвишени својства, битие и дела – за секое нејзино изговарање му се засадува палма во Џенетот.

فوائد الحديث

Поттик на често спомнување на Возвишениот Аллах – меѓу што се вбројуваат тесбихот (изговарањето субханаллах) и техмидот (изговарањето елхамдулиллах).

Џенетот е бескрајно простран, а неговите садници се токму овие зикрови – тесбих и техмид – како дар и милост од Возвишениот Аллах.

Во хадисот е спомната палмата, а не некое друго дрво, поради нејзините бројни придобивки и благородниот плод. Затоа Возвишениот Аллах ја земал палмата како пример во Куранот, споредувајќи го со неа верникот и неговата вера.

التصنيفات

Придобивки на зикрот - спомнување