„Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради

„Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради. Го прашав Џибрил: ,Кои се овие луѓе?‘ Тој ми одговори: ,Тоа се оние што се хранат со месото на луѓето (ги озборуваат) и ја погазуваат нивната чест.‘“

[حسن] [رواه أبو داود - رواه أحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, раскажал дека во ноќта на Исра и Мираџ, кога бил воздигнат на небото, поминал покрај група луѓе кои имале нокти од бакар, со кои си ги гребеле и кинеле своите лица и гради. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го прашал Џибрил, алејхис-селам: „Што направија овие луѓе за да бидат казнети на ваков начин?“ Џибрил, алејхи селам, одговорил: „Ова се оние што ги озборуваат луѓето и ја погазуваат нивната чест без право.“

فوائد الحديث

Сериозно предупредување против озборувањето, и споредување на оној што озборува со човек кој јаде човечко месо.

Озборувањето и сличните дела со кои се повредува честа на луѓето спаѓаат меѓу големите гревови.

Ет-Тиби рекол за зборовите „се гребеа“: „Бидејќи гребењето на лицето и градите е својствено за жените кои оплакуваат, тоа е одредено како казна за оној што озборува и се впушта во повредување на честа на муслиманите – како укажување дека ова не е својство на мажите, туку на жените во нивната најгрда и најпонижувачка состојба.“

Обврска да се верува во гајбот (скриеното) како и во сè она за што нѐ известиле Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

التصنيفات

Осудување на гревовите