– Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови

– Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови

Сафван бин Мухриз раскажува дека некој човек го прашал ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него: „Што слушна од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да каже за тајниот разговор (ен-Неџва)?“ Тој одговори: „Го слушнав како вели: – Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови и ќе го праша: ,Ги препознаваш ли?‘ Тој ќе рече: ,Господару мој, ги препознавам.‘ Тогаш (Аллах) ќе му каже: ,Јас ти ги сокрив во дуњалучкиот живот, а денес ти ги простувам.‘ Потоа ќе му биде дадена неговата книга со добрите дела. А што се однесува до неверниците и лицемерите, тие ќе бидат повикани пред сите созданија: ,Овие се тие што изнесуваа лаги за Аллах.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил за тајниот разговор помеѓу Аллах и верникот на Судниот ден, велејќи дека верникот ќе биде доближен кон својот Господар на Судниот ден, па Тој ќе го покрие со Својот превез, така што никој од присутните нема да може да ги види неговите тајни дела, и ќе му рече: ,,Се сеќаваш ли на тој и тој грев..." – па ќе го потсети на гревовите што биле само меѓу него и Аллах. Тој ќе одговори: ,,Да, Господару мој." Кога ќе биде обземен од страв и вознемиреност, Возвишениот Аллах ќе му рече: „Јас ти ги покрив во дуњалучкиот живот, а денес ти ги простувам.“ Потоа ќе му биде предадена неговата книга со добрите дела. А што се однесува до неверниците и лицемерите, тие ќе бидат повикани пред сите присутни: „Овие се тие што изнесуваа лаги за својот Господар. Нека е Аллаховото проклетство врз насилниците!“

فوائد الحديث

Аллаховата милост и добрина кон верниците е во тоа што ги покрива нивните недостатоци и на овој свет и на Ахиретот.

Поттик за покривање (необзнанување на гревовите) на верникот колку што е можно повеќе.

Сите дела на робовите Аллах ги запишува. Оној што ќе најде добро, нека Му се заблагодари на Аллах, а оној што ќе најде нешто друго, нека не обвинува никого освен самиот себе, и тој е под Аллаховата волја.

Ибн Хаџер рекол:

„Севкупноста на хадисите укажува дека грешниците од верниците на Судниот ден ќе бидат поделени во две категории:

1. Оние чии гревови се помеѓу нив и нивниот Господар. Хадисот од ибн Омер укажува дека оваа категорија се дели на две групи:

А) Оние чии гревови биле сокриени на дуњалукот – овие Аллах ќе ги покрие и на Судниот ден, што е јасно наведено во хадисот.

Б) Оние кои јавно грешеле – хадисот укажува дека тие нема да бидат покриени на Судниот ден.

2. Оние чии гревови се поврзани со правата на луѓето. И тие се поделени на две групи:

А) Оние чии лоши дела ќе натежнат над добрите – тие ќе влезат во Огнот, но ќе бидат извадени преку шефат/посредништво.

Б) Оние чии добри и лоши дела ќе бидат во еднаква мера – овие нема да влезат во Џенетот сè додека не се изврши меѓусебно раздолжување.“

التصنيفات

Верувањето во последниот ден