إعدادات العرض
„Во времето кога меѓу нас беше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, издвојувавме зекатул фитр за секој – за дете и возрасен, за слободен и за роб – по еден…
„Во времето кога меѓу нас беше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, издвојувавме зекатул фитр за секој – за дете и возрасен, за слободен и за роб – по еден саʿа (мерна единица) храна: или саʿа суво сирење, или саʿа јачмен, или саʿа урми, или саʿа суво грозје
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Во времето кога меѓу нас беше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, издвојувавме зекатул фитр за секој – за дете и возрасен, за слободен и за роб – по еден саʿа (мерна единица) храна: или саʿа суво сирење, или саʿа јачмен, или саʿа урми, или саʿа суво грозје. На тој начин продолживме да издвојуваме сè додека не дојде Муавија бин ебу Суфјан, Аллах нека е задоволен со него, за аџилак или умра. Тој им се обрати на луѓето од минберот, и меѓу другото, рече: ,Сметам дека два мудда (мерка спојување на двете дланки) пченица од Шам се еднакви на еден саʿа урми.‘ Па луѓето почнаа да го применуваат тоа.“ Ебу Сеид продолжува: „А јас, додека сум жив, ќе продолжам да издвојувам онака како што издвојував и порано.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt සිංහල ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ಕನ್ನಡ Svenska Oromooالشرح
Муслиманите издвојувале зекатул фитр во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како и за време на праведните халифи по него – за секого: за дете и возрасен, слободен и роб – во количина од еден саʿа храна. Она што се издвојувало од храна било: јачмен, суво грозје, суво сирење и урми. Еден саʿа изнесува четири мудда, а еден мудд е онолку колку што собираат двете дланки на просечен маж. Кога Муавија, Аллах нека е задоволен со него, дошол во Медина како халиф, а пченицата од Шам (Сирија) веќе била распространета, одржал хутба и рекол: „Сметам дека два мудда пченица (што е половина саʿа) се еднакви на еден саʿа урми.“ Па луѓето почнаа да го применуваат тоа. Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „А јас, додека сум жив, ќе продолжам да издвојувам онака како што издвојував и порано.“فوائد الحديث
Појаснување на количината на зекатул фитр што се издвојувала во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – а таа била количина на еден саʿа храна, без оглед на видот или вредноста.
Секоја храна што луѓето ја користат се смета за дозволена за издвојување како зекатул фитр. Спомнувањето на четирите вида – јачмен, урми, суво сирење и суво грозје – било затоа што тие биле најзастапената храна кај луѓето во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Издвојувањето нешто друго наместо храна, како што се пари, не се смета за исправно за садакатул фитр.
Имамот ен-Невеви во неговиот коментар на Сахих Муслим рекол: „Кога постои разединување помеѓу асхабите, не може тврдењето на некој од нив да има предност над друг, па затоа се враќаме на друг доказ. Констатиравме дека надворешното значење на хадисите и кијасот (аналогијата) укажуваат на тоа дека и за пченицата важи условот да биде еден саʿа, исто како и за другите видови, па тоа е она на што треба да се потпреме.“
Ибн Хаџер рекол: „Во хадисот на Ебу Сеид се гледа колку цврсто се придржувал кон следењето (на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем) и кон преданијата, и дека не отстапувал кон личниот иџтихад кога постои текст. А од постапката на Муавија и од согласноста на луѓето со него се заклучува дека иџтихадот е дозволен и пофален, но кога постои јасен текст – тогаш тој не се зема предвид.“
التصنيفات
Зекатул фитр