إعدادات العرض
,Не е од добродетелство постот за време на патување
,Не е од добродетелство постот за време на патување
Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на патување и забележа метеж околу еден човек врз кого правеле сенка. Па праша: ,Што е ова?’ Му одговорија: ,Тоа е човек што пости.‘ Тогаш тој рече: ,Не е од добродетелство постот за време на патување.‘“ А во друга верзија кај Муслим стои: „Придржувајте се до олеснувањето што Аллах ви го дозволил.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Français සිංහල ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Русский دری Tiếng Việt Magyar ქართული ไทย অসমীয়া Nederlandsالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил на патување и видел човек околу кого се собрале луѓе, а врз него направиле сенка поради жештината и силната жед. Пратеникот прашал: „Што е со него?“ Му рекоа: „Пости.“ Тогаш рече: „Не е од добродетелство постот на патување. Придржувајте се кон олеснувањето што Аллах ви го дозволил.“فوائد الحديث
Појаснување за леснотијата на исламскиот шеријат.
Дозволено е да се пости за време на патување, но исто така е дозволено и да се искористи олеснувањето – да се прекине постот.
Постењето за време на патување е мекрух (непрепорачливо) ако му причинува тешкотија на човекот, а ако доведе до опасност по живот – тогаш е харам.
Ен-Невеви рекол: „,Не е од добродетелството да постите за време на патување’ – односно, кога тоа ви претставува тешкотија и се плашите од штета. Контекстот на хадисот укажува на вакво толкување.”
Грижата на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за неговите асхаби и неговото интересирање за нивната состојба.
