إعدادات العرض
„О, луѓе, покајте се пред Аллах! Зашто јас секој ден Му се покајувам Нему повеќе од стопати.“
„О, луѓе, покајте се пред Аллах! Зашто јас секој ден Му се покајувам Нему повеќе од стопати.“
Ел-Егер, Аллах нека е задоволен со него, кој бил еден од асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува дека тој рекол: „О, луѓе, покајте се пред Аллах! Зашто јас секој ден Му се покајувам Нему повеќе од стопати.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español Bahasa Indonesia Türkçe اردو 中文 हिन्दी Français Kurdî Português සිංහල Русский Kiswahili Tiếng Việt অসমীয়া ગુજરાતી Hausa Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული ಕನ್ನಡ Moore Svenskaالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им наредува на луѓето да се каат и постојано да бараат прошка од Аллах, и истовремено ги известува дека тој лично секој ден се кае и бара прошка повеќе од стопати – иако му се простени и минатите и идните гревови. Со тоа се изразува неговата длабока понизност и целосна преданост на Возвишениот Аллах.فوائد الحديث
Секој човек, без оглед на неговиот степен на иман и положба, има потреба постојано да се враќа кон Севишниот Аллах и да се усовршува преку искрено покајание. Бидејќи секој – без исклучок – има извесен пропуст во исполнувањето на обврските кон Возвишениот Аллах, како што Тој вели: „И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни.“ (Ен-Нур, 31)
Покајанието е општа обврска, било да се работи за гревови и забранети дела, или за пропусти при извршувањето на задолжителните обврски.
Искреноста (ихлас) е услов за прифаќање на покајанието – оној што ќе го остави гревот од некоја друга причина, а не поради Аллах, не се смета за вистински покајаник.
Имамот ен-Невеви рекол: „Покајанието има три услови: да се остави гревот, да се жали поради неговото правење и цврсто да се одлучи дека никогаш повеќе нема да се врати на него. А ако гревот се однесува на некое право на друг човек, тогаш има и четврт услов, а тоа е да му се надомести неправдата на оној кому му е направена или да се добие халал од него.“
Напомена: Барањето прошка од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не значи дека е поради направен грев – туку тоа е дел од неговата потполна покорност и постојано сеќавање на Аллах, и израз на неговата длабока свест за величината на Божјото право, како и за неможноста човек целосно да Му се заблагодари за Неговите бројни дарови. Воедно, тоа е пример за уметот по него.