إعدادات العرض
„Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“
„Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“
Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“, На Пратеникот, алејхи селам, му беше донесено тенџере во кое имало зеленчук, и почувстувал мирис од него, па прашал што има внатре и му кажале, а тој рекол: „Донесете го.“, за еден од асхабите што бил со него, но тој кога го виде јадењето, не сакаше да го јаде, па Пратеникот му рече: „Јади, зашто јас комуницирам со некој со кој ти не комуницираш.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî සිංහල Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt Kiswahili ગુજરાતી پښتو Oromoo አማርኛ ไทย Română മലയാളം नेपाली Deutsch Malagasy Кыргызча ქართული Moore Magyar తెలుగు Svenskaالشرح
Пратеникот, алејхи селам, му забранил на секој што јаде лук или кромид да доаѓа во џамија, за да не им пречи со мирисот на своите браќа кои присуствуваат на намаз. Тоа е забрана да се оди во џамија, а не да се конзумираат, бидејќи тие се дозволени јадења. Нему му донесоа тенџере со зеленчук, кога почувствува мирис во него, се воздржа од јадење и му го даде на еден од неговите другари да јаде од него, а тој го одби следејќи го во тоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кога тоа го виде Пратеникот му рече: Јас комуницирам со ангелите за Објавата. И Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известил дека на мелеците им пречи лошата миризба, како што им пречи на луѓето.فوائد الحديث
Забраната да се доаѓа во џамија важи за тој што јадел лук, кромид или праз.
Во овие работи спаѓа сè што има непријатен мирис што им пречи на тие што клањаат, како што е миризбата од чад, тутун и слично.
Причината зошто е забрането гореспомнатото е лошата миризба, па доколку таа исчезне со готвење или на некој друг начин, ќе престане и забраната (за доаѓањето во џамија).
Не е пожелно да јадат од овие работи тие што мора да присуствуваат на намаз во џамијата. За да не се пропушти џемаат-намаз во џамија, а ако се јаде за да не се присуствува, тогаш е харам.
Тоа што Пратеникот, алејхи селам, се воздржувал од јадење лук и слично, не значи дека истото е забрането, туку тој тоа го направил затоа што комуницирал со мелекот Џибрил, алејхи селам.
Убавата метода со која Пратеникот, алејхи селам, подучуваше, бидејќи ја кажуваше причината за прописот кој го толкуваше, со тоа слушателот се запознаваше со мудроста на пропишувањето.
Ел-Кади рекол: „Учените луѓе ова го споредија со сите собири за намаз, вон џамијата, како што е собир за Бајрам-намаз, џеназе-намаз и слични собири на ибадет, но исто така и собири на знаење, спомнување на Аллах, гозби и слично, во ова не спаѓаат пазарите и слични места.“
Учените луѓе рекоа: „Овој хадис е доказ дека јадењето лук и слично е причина за забрана да се влезе во џамија – дури и ако е празна – затоа што таму се мелеките но и според општото значење на хадисите.