„Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење –…

„Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“

Ебу Берзете ел-Еслеми, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, алејхи селам рекол: „Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“

[صحيح] [رواه الترمذي]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известува дека никој нема да ја помине фазата на пресметката на Судниот ден кон Џенетот или Џехенемот сè додека не биде прашан за овие работи: Прво: Животот, како го искористил и како го поминал? Второ: Знаењето, дали го барал во името на Аллах? Дали работел според тоа знаење? И дали им го пренел на тие кои требале да го добијат? Трето: Имотот, како го заработил, дали на халал или на харам начин? И како го потрошил, за оно со што е задоволен Аллах или во она што ја предизвикува Аллаховата лутина? Четврто: Телото, снагата, здравјето и младоста, како ги искористил?

فوائد الحديث

Поттик да го искористиме животот во тоа со што Аллах е задоволен.

Аллаховите благодати кон Неговите робови се многубројни, и Тој ќе ги праша за тие благодати кои им ги дал, затоа треба да ги употребиме во она со што Тој е задоволен.

التصنيفات

Ахиретскиот - вечниот живот