,Аллах ми објави да бидете скромни, така што никој не се воздигнува над друг и никој не му прави неправда на друг.‘“

,Аллах ми објави да бидете скромни, така што никој не се воздигнува над друг и никој не му прави неправда на друг.‘“

Ијад бин Химар, братот на Бену Муџаши, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Еден ден Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стана меѓу нас и одржа хутба. Во неа рече: ,Аллах ми објави да бидете скромни, така што никој не се воздигнува над друг и никој не му прави неправда на друг.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им одржа хутба на асхабите, во која меѓу другото рече: „Аллах ми објави дека луѓето треба да бидат скромни меѓу себе – со тоа што ќе бидат кротки и понизни кон другите – и никој нема да се воздигнува со горделивост, вообразеност или потпирање на својот родослов, богатство или нешто друго над другите, и никој нема да прави неправда ниту да напаѓа друг.“

فوائد الحديث

Хадисот поттикнува на скромност и забранува горделивост и вообразеност над луѓето.

Забрането е насилство и горделивост.

Скромноста кон Аллах има два значења:

1. Скромност кон Неговиот дин – да не се воздигнуваш над верата, ниту да се однесуваш со вообразеност и занемарување на нејзините прописи.

2. Скромност кон луѓето поради љубовта кон Аллах – не од страв од нив, ниту од желба за она што го поседуваат, туку искрено заради Аллах.

التصنيفات

Добри морални особини, Дела на срцето