Најдобраната помеѓу довите за барањето прошка за гревовите е

Најдобраната помеѓу довите за барањето прошка за гревовите е

Од Шедад бин Евс, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: Најдобраната помеѓу довите за барањето прошка за гревовите е да кажеме: „Аллахумме Енте Рабби, ла илахе илла Енте, халактени, ве ене ‘абдуке, ве ене ‘ала ‘ахдике ве ва’дике местета’ту, е’узу бике мин шерри ма сана’ту, ебу’у леке би ни’метике 'алејје, ве ебу’у леке би зенби, фагфир ли фе иннеху ла јагфируз-зунубе илла Енте.“ (Аллаху Ти си мој Господар, нема друг Бог освен Тебе, Ме создаде и јас сум Твој роб и колку што можам ќе се трудам да го извршам мојот завет кон Тебе, заштити ме од лошото што го направив, ги признавам Твоите благодати кон мене и ги потврдувам моите гревови. Прости ми, затоа што единствено Ти простуваш гревови). Ако ова го изговори наутро, убеден дека е вистина, па умре тој ден, ќе влезе во Џенетот, а ако тоа го изговори навечер, убеден дека е вистина, па умре таа ноќ, ќе влезе во Џенетот.“

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека барањето прошка има неколку форми, а најдобрата и највредната е Аллаховиот роб да каже: „Аллахумме Енте Рабби, ла илахе илла Енте, халактени, ве ене 'абдуке, ве ене ‘ала ‘ахдике ве ва’дике местета’ту, е’узу бике мин шерри ма сана’ту, ебу’у леке би ни’метике 'алејје, ве ебу’у леке би зенби, фагфир ли фе иннеху ла јагфируз-зунубе илла Енте.“ Човекот овде, пред сè, признава дека едноштвото му припаѓа само на Аллах и дека Тој е неговиот Создател и Бог и дека нема никаков здруженик. Покрај тоа, човекот изјавува дека се заколнал дека ќе верува во Аллах и дека ќе Му се покорува најдобро што може. Ова треба да се нагласи затоа што колку и да врши ибадети, тој никогаш нема да може целосно да исполни сè што Семоќниот бара од него, ниту ќе може во потполност да Му се заблагодари. Затоа, човекот се засолнува кај Аллах и бара прибежиште кај Него од злото што тој самиот го прави. Признава дека сите благодати доаѓаат од Севишниот и ги признава своите гревови и непослушноста што ги прави. По ова, човекот бара од Аллах, преку Неговата милост и благодарност, да му ги сокрие и прости гревовите и да го спаси од нивните последици, бидејќи тоа не може никој друг да го направи освен Тој, Возвишениот. Пратеникот потоа нè информира дека оваа форма на барање прошка е дел од утринскиот и вечерниот зикр. Кој ќе го каже овој истигфар на почетокот на денот, од изгрејсонцето додека Сонцето го достигне својот зенит, цврсто верувајќи и знаејќи го неговото значење, а потоа умре, ќе биде еден од жителите на Џенетот. А кој го каже во текот на ноќта, од зајдисонце до зори, и умре пред зори, тој ќе влезе во Џенетот.

فوائد الحديث

Форми со кои бараме прошка од гревовите се многубројни, некои од нив се повредни од другите.

Човекот треба да се труди да бара прошка од Аллах на овој начин, бидејќи ова е сејјидул истигфар (првенецот во барањето прошка-најдобриот начин за барање опрост).

التصنيفات

Утрински и вечерни зикрови