إعدادات العرض
,Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас.’“
,Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас.’“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредуваше нешто од делата, им наредуваше само онолку колку што можеа да поднесат. А тие велеа: ,Ние не сме како тебе, о Божји пратенику. Аллах ти ги има простено и минатите и идните гревови.’ Тогаш тој се лутеше, така што лутината се познаваше на неговото лице, па велеше: ,Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас.’“
الترجمة
العربية Português دری Tiếng Việt Magyar ქართული Bahasa Indonesia বাংলা Kurdî ไทย অসমীয়া Nederlands Hausa ਪੰਜਾਬੀ Kiswahiliالشرح
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога им наредувал на луѓето занекое дело, им го наредуваше само она што им беше лесно, а не нешто што би им било тешко – плашејќи се да не се изморат и да не можат да истраат во тоа. И тој самиот постапуваше во согласност со тоа олеснување што им го пропишуваше. Но, тие од него бараа да им наложи и построги обврски, мислејќи дека преку тоа ќе достигнат повисоки степени, како што му беше пропишано нему. Па велеа: „О, Божји пратенику, нашата состојба не е како твојата; Аллах ти ги има простено и минатите и идните гревови.“ Тогаш тој се лутеше – и тоа се забележуваше на неговото лице – па велеше: „Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас. Затоа придржувајте се кон она што ви го наредувам.“فوائد الحديث
Ибн Хаџер рекол: „Веровесникот им го наредувал само она што им е лесно, за да можат да истраат во тоа – како што рекол и во друг хадис: ,Најсаканото дело кај Аллах е постојаното.‘“
Побожниот човек не треба да го престане да се труди во добрите дела, потпирајќи се само на својата побожност.
Допуштено е човек да зборува за своите доблести, кога за тоа има потреба и ако е сигурен дека нема да премине во горделивост и самофалење.
Најисправно во ибадетот е умереноста и истрајноста, а не претерувањето што води до запоставување.
Ибн Хаџер рекол: „Кога тој што му служи на Аллах ќе ја достигне вистинската смисла на ибадетот и неговите плодови, тоа е уште поголем поттик да биде истраен во него – како благодарност за добиената благодат и молба за негово умножување.“
Шеријатски е дозволено да се разгневи човек при непочитување на наредбата, и да се укаже на оној што има знаење и разбирање, ако се покаже слаб во сфаќањето – за да се поттикне на будност.
Благоста и сочувството на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кон неговиот умет; и тоа дека верата е лесна, а шеријатот е исправен и широк.
Силната желба на асхабите за ибадет и нивното тежнеење кон што е можно повеќе добри дела.
Должноста да се остане во рамките на она што го одредил шеријатот – и кога се работи за обврска или за дозволено олеснување – и верувањето дека прифаќањето на олеснетото што е во согласност со шеријатот е подобро од барање на потешкото што е спротивно на него.
