إعدادات العرض
„Пратен сум со потполни моралните одлики.“
„Пратен сум со потполни моралните одлики.“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пратен сум со потполни моралните одлики.“
[حسن]
الترجمة
العربية Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Bahasa Indonesia Kiswahili Hausa සිංහල English ગુજરાતી Magyar ქართული Română Русский Português ไทย తెలుగు मराठी دری Türkçe አማርኛ বাংলা Kurdî Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Возвишениот Аллах го пратил за да ги усоврши доблестите и убавите морални одлики. Тој беше испратен како продолжение на пратениците пред него, и како надополнување на добрите особини што Арапите веќе ги поседувале – тие ја сакаа добрината, го мразеа злото, и беа народ на достоинство, дарежливост и чест. Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беше пратен за да ги исправи и надополни нивните морални недостатоци – како што беа: горделивоста со потеклото, вообразеноста, потценувањето на сиромашниот и други слични негативности.فوائد الحديث
Хадисот поттикнува на убав морал и забранаува сè што е спротивно на убавиот морал.
Истакнување на значењето на убавиот морал во исламот, како една од неговите основни вредности.
Кај незнабошците постоеле остатоци од добар морал – како дарежливоста, храброста и слични особини – а исламот дошол за да ги надополни и усоврши.
التصنيفات
Добри морални особини