,Нема (вистински) иман оној што нема доверливост, и нема (вистинска) вера оној што не го исполнува дадениот збор.‘“

,Нема (вистински) иман оној што нема доверливост, и нема (вистинска) вера оној што не го исполнува дадениот збор.‘“

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ни одржал хутба, а да не кажел: ,Нема (вистински) иман оној што нема доверливост, и нема (вистинска) вера оној што не го исполнува дадениот збор.‘“

[رواه أحمد]

الشرح

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, известува дека речиси секогаш кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе одржел хутба или ќе подучувал, ги нагласувал овие две важни работи: 1. Нема потполн иман кај оној што е несовесен и склон да изневерува во доверените обврски – било во поглед на имотот, честа или семејството. 2. Нема потполна вера кај оној што ги прекршува договорите и заветите, односно оној што не се држи кон преземените обврски.

فوائد الحديث

Поттик за исполнување на довереното и држење кон дадениот збор, бидејќи нивното прекршување го нарушува иманот.

Предупредувањето од предавство и прекршување на заветите, што се вбројува меѓу големите гревови.

Хадисот ги опфаќа и обврските кон Аллах, и обврските меѓу луѓето – како доверените нешта, така и договорите.

التصنيفات

Добри морални особини