„Нека твојот јазик постојано биде навлажен со спомнување на Аллах.“

„Нека твојот јазик постојано биде навлажен со спомнување на Аллах.“

Абдулах бин Буср, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека еден човек дошол кај Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и рекол: „О, Аллахов пратенику! Прописите на исламот се намножија за нас – па кажи ни за некоја врата (пат) за која ќе се придржуваме и која ќе ги опфати сите?“ Тој одговорил: „Нека твојот јазик постојано биде навлажен со спомнување на Аллах.“ Во друга верзија, од Муаз бин Џебел, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува: „Последното нешто со кое се разделив со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше кога го прашав: ,Кое дело е најдобро и најблиско до Аллах?‘ Тој рече: ,Да умреш, а твојот јазик да е навлажен од спомнувањето на Севишниот Аллах.‘“

[صحيح] [رواه أحمد والترمذي وابن ماجه وابن حبان]

الشرح

Еден човек му се пожалил на Пратеникот, алејхи селам, дека доброволните ибадети се намножиле премногу за него до таа мерка што тој не можел да ги изврши поради неговата слабост, а потоа го замолил Пратеникот, алејхи селам, да го упати кон некое лесно дело кое ќе донесе голема награда, до кое тој ќе се држи и ќе го практикува. Тој, алејхи селам, го упатил да го одржува јазикот мек и подвижен и постојано да се сеќава на Семоќниот и Возвишениот Аллах, во секое време и ситуации. Со изговарањето на субханаллах, елхамдулиллах, естагфируллах, со дови и слично.

فوائد الحديث

Вредноста на постојаното спомнување на Возвишениот Аллах.

Една од Аллаховите благодати е олеснувањето на причините преку кои добиваме големи награди.

Луѓето се разликуваат во нивните удели во добрите и богоугодните дела.

Честото спомнување на Аллах со изговарање на: субханаллах, елхамдулиллах, ла илахе иллаллах, Аллаху екбер и други работи, синхронизирано со срцето, ги заменува многуте доброволни дела-нафили.

Тој, алејхи селам, ги зема предвид прашањата што се поставени одговарајќи му на секој според тоа што најмногу му одговара.