,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“

,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најнискиот степен што некој од вас ќе го има во Џенетот е да му се каже: ,Посакај!‘ – па тој ќе посакува и ќе посакува. Потоа ќе му се каже: ,Дали заврши со желбите?‘ – ќе одговори: ,Да.‘ Па ќе му биде речено: ,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека најниската и најскромната положба што ќе ја има некој што ќе влезе во Џенетот е да му се каже: „Посакај!“ Тој ќе посакува и ќе посакува – сè додека не ја изрази секоја своја желба. Тогаш ќе му се рече: „Дали заврши со желбите?“ Ќе одговори: „Да.“ Па ќе му се рече: „Ќе го добиеш сето што го посака – и исто толку покрај тоа.“

فوائد الحديث

Степените на жителите на Џенетот се различни.

Овој хадис укажува на величината на Аллаховата дарежливост.

Насладите во Џенетот не се ограничени на нешто определено – напротив, верникот таму ќе го добие сè што ќе го посака и што ќе му го побара душата, како дар, благодат и благородност од страна на Возвишениот Аллах.

التصنيفات

Ахиретскиот - вечниот живот, Опис на Џенетот и Џехене