„Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“

„Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, му апелира на секој ќе се разбуди од сон, трипати да си го исчисти носот. Чистењето на носот е чин со кој се исфрла водата од носот откако претходно ќе биде вшмукана, бидејќи шејтанот ја минува ноќта во ноздрите – т.е. во целиот нос.

فوائد الحديث

Дозволено е секој што се буди од сон да го исчисти носот за да ги отстрани трагите на шејтанот од носот. А ако земе абдест, тогаш е потврдена наредбата да го исчисти носот.

Чистењето е додатна придобивка од миење на носот. Бидејќи со вдишувањето на водата ја чистиме внатрешноста на носот, а со издувањето на носот ја отстрануваме таа нечистотија со вода.

Ограничувањето е на ноќниот сон, според употребениот израз „спие“; Таков израз се користи за спиење во текот на ноќта, и затоа што во тој период спиењето е подолго и подлабоко.

Овој хадис е доказ дека шејтанот е присутен блиску до човекот иако тој тоа не го чувствува.

التصنيفات

Начин на земање абдест