„Нека не нарекува човек друг човек грешник или неверник, зашто ако тој не е таков, тоа ќе се врати на оној што со тоа име го нарекол.“

„Нека не нарекува човек друг човек грешник или неверник, зашто ако тој не е таков, тоа ќе се врати на оној што со тоа име го нарекол.“

Ебу Зер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Нека не нарекува човек друг човек грешник или неверник, зашто ако тој не е таков, тоа ќе се врати на оној што со тоа име го нарекол.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил дека ако некој му каже на друг: „Ти си грешник“ или „Ти си неверник“, а тоа не е вистина, тогаш самиот ќе го заслужи тој опис и тоа ќе му се врати. Но, ако кажаното е точно, ништо нема да му се врати, бидејќи ја зборувал вистината.

فوائد الحديث

Забрането е да се нарекуваат луѓето неверници или грешници без шеријатски оправдана причина.

Обврска е да се биде внимателен и да се провери пред да се донесе пресуда за некого.

Ибн Декик ел-Ид рекол: „Ова е сериозна закана за оној што ќе прогласи друг муслиман за неверник, а тој не е таков. Тоа е голем проблем.“

Ибн Хаџер ел-Аскелани рекол:

„Тоа што некој не станува грешник ниту неверник со тие зборови, не значи дека не носи грев ако му каже на друг: ,Ти си грешник.‘ Во ова има прецизна разлика: ако намерата му е да го советува него или некој друг преку разјаснување на неговата состојба, тогаш е дозволено. Но, ако целта му е да го понижи, да го посрами или да му нанесе штета, тогаш тоа не е дозволено, бидејќи му е наредено да го сокрие неговиот престап, да го поучи и да му се обрати со мудрост. Доколку може да го постигне тоа на благ начин, не му е дозволено да користи грубост, бидејќи тоа може да предизвика истрајување и упорност во гревот, особено кај луѓе кои се водат од гордоста, а уште повеќе ако оној што советува е на понизок статус од оној кому му зборува.“

التصنيفات

Куфр (неверство), Грешење