إعدادات العرض
„Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото
„Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото
Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото: челото – и покажа со раката кон носот, дланките, колената и врвовите на стапалата. Исто така, ми беше наредено притоа да не ги собирам алиштата и косата.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ ไทย Русский 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá සිංහල دری Кыргызча or Kinyarwanda नेपाली Malagasy Română Lietuvių Oromoo Nederlands Soomaali Српски Deutsch Українська ಕನ್ನಡ Wolof Moore ქართული Azərbaycan Magyarالشرح
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни кажал дека Аллах му наредил кога клања намаз и паѓа на сеџда да го направи тоа со седум делови од телото; а тие се: Прво: челото, тоа е горниот рамен дел од лицето, над носот и очите, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, покажал со својата рака кон носот, појаснувајќи дека челото и носот се еден орган од тие седум делови, и со тоа потврдил дека тој што прави сеџда треба ја допре земјата со носот. Второ и трето: рацете. Четврто и петто: колената. Шесто и седмо: прстите на нозете. Пратеникот ни забранил да си ја врзуваме косата и да си ја собираме облеката при извршувањето на сеџдата додека се спуштаме на земјата, за да ги заштитиме. Напротив, потребно е да ја оставиме косата и облеката да ја допираат земјата, па и тие да направат сеџда со останатите делови на телото.فوائد الحديث
Обврска е да паѓаме ничкум во намазот на седумте делови на телото.
Не е препорачано да ја собираме облеката и косата во намазот.
Клањачот треба да биде смирен во намазот, тоа ќе се случи кога ќе ги спушти сите седум делови на телото на земјата, и во таа состојба ќе се смири и ќе го цитира задолжителниот зикр.
Забраната да се собере косата се однесува само за мажите, но не и за жените, бидејќи жената во намаз мора да биде покриена со шамија.
التصنيفات
Опис на намазот