„Кога ќе одиш на сеџда, постави ги дланките на земјата и подигни ги лактите.“

„Кога ќе одиш на сеџда, постави ги дланките на земјата и подигни ги лактите.“

Ел-Бера, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога ќе одиш на сеџда, постави ги дланките на земјата и подигни ги лактите.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил како треба да биде положбата на рацете при одењето на сеџда во намазот, така што дланките цврсто се поставуваат на земјата, со споени прсти насочени кон киблата, а лактите – зглобовите меѓу подлактицата и надлактицата – треба да бидат подигнати од земја и раширени од бочните страните на телото, без да ја допираат земјата.

فوائد الحديث

Обврска на оној што клања е да ги постави дланките на земјата, бидејќи тие се дел од седумте делови на телото што учествуваат во сеџдата.

Препорачливо е подлактиците да бидат подигнати од земјата, додека непожелно е да се спуштаат и да лежат на неа, како што животните ги спуштаат своите предни шепи.

Пропишано е да се искажува сила, посветеност и желба за ибадетот.

Кога оној што клања правилно се потпира на сите делови на телото што учествуваат во сеџдата, секој од нив го добива својот удел во ибадетот.

التصنيفات

Опис на намазот