„Кога муслиманот или верникот зема абдест и го мие своето лице, сите гревови што ги гледал со очите паѓаат заедно со водата или со последната капка вода

„Кога муслиманот или верникот зема абдест и го мие своето лице, сите гревови што ги гледал со очите паѓаат заедно со водата или со последната капка вода

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога муслиманот или верникот зема абдест и го мие своето лице, сите гревови што ги гледал со очите паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите раце, сите гревови што ги направил со рацете паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите нозе, сите гревови што ги направил одејќи на нив паѓаат заедно со водата или со последната капка вода, така што останува потполно чист од гревови.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека кога муслиманот – или верникот – ќе земе абдест и ќе го измие лицето, со водата што се слева при миењето – или со последната капка – од неговото лице ќе падне и секој мал грев што го направил со очите. Кога ќе ги измие рацете, со водата – или со последната капка – ќе падне и секој мал грев што ги сториле неговите раце. А кога ќе ги измие нозете, ќе отпадне и секој мал грев кон кој чекореле неговите нозе – со водата или со последната капка вода – сè додека, по завршувањето на абдестот, не излезе чист од малите гревови.

فوائد الحديث

Вредноста на постојаното чување на абдестот и неговата улога во бришењето на гревовите.

Од праксата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, при советување е и таа што ги поттикнувал луѓето на покорност и ибадет, укажувајќи на наградата и добрината што произлегуваат од нив.

Секој дел од телото може да учествува во некакво грешно дело, па гревовите се врзуваат за органите преку кои се сторени – и се бришат кога човекот искрено се покае.

Абдестот претставува и надворешно чистење – преку миење на одредени делови од телото, и внатрешно прочистување – преку бришење на гревовите направени со нив.

التصنيفات

Абдест, Вредностите на телесните дела