إعدادات العرض
Начинот на капење од џенабет (состојба по интимен однос и ејакулација за обата пола)
Начинот на капење од џенабет (состојба по интимен однос и ејакулација за обата пола)
Од Мејмуна, мајката на верниците, Аллах нека е задоволен со неа, пренесено е дека кажала: „Му подготвив вода за капење на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и ја покрив со крпа. Тој ги изми рацете, па со десната рака истури вода на левата и го изми интимниот дел. Потоа со раката удри по земјата, ја протри и повторно ја изми. Потоа ја исплакна устата, го исплакна носот, го изми лицето и рацете до лактите. Потоа истури вода врз главата и го обли целото тело. На крајот, се оддалечи малку, ги изми нозете, а кога му подадов крпа, тој не ја прифати и си замина протресувајќи ги рацете.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Kiswahili සිංහල دری অসমীয়া ไทย አማርኛ Svenska Кыргызча Yorùbá ગુજરાતી नेपाली Oromoo മലയാളം Română Nederlands Soomaali پښتو తెలుగు Kinyarwanda ಕನ್ನಡ Malagasy Српски Moore ქართული Čeština Magyar Українська Lietuviųالشرح
Мејмуна, Аллах нека е задоволен со неа, раскажала за начинот на бањање на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, после џенабет. Таа му подготвила вода за капење и ја покрила со крпа, додека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, постапил на следниов начин: Прво: Истурил вода врз рацете и ги измил пред да ги стави во садот со вода. Второ: Со десната рака истурил вода врз левата и го измил интимниот дел, чистејќи го од остатоците на џенабетот. Трето: Со раката удрил по земјата, ја протрил и ја измил за да го отстрани непријатното од неа. Четврто: Устата ја исплакнал така што внел вода, ја размрдал во устата, а потоа ја исплукал. Потоа го испрал носот така што вовлекол вода во него, па ја исфрлил за да го исчисти. Петто: Го измил лицето и рацете до лактите. Шесто: Истурил вода врз главата. Седмо: Истурил вода врз остатокот од телото. Осмо: Се преместил од местото каде што се бањал и ги измил нозете на друго место, бидејќи претходно не биле измиени. Потоа му подала крпа за да се избрише, но тој одбил и со рацете ја отстранувал водата од телото, па потоа ги тресел.فوائد الحديث
Грижата на сопругите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за деталното опишување на неговите животни аспекти била со цел да послужи како поука за уметот.
Овој начин на бањање е еден од начините што се пренесени од Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за потполно капење после џенабет. Што се однесува до минималниот начин, доволно е целото тело да се полие со вода, вклучувајќи го испирањето на устата и носот.
Бришењето на телото со крпа по капењето или абдестот, како и оставањето без бришење, е дозволено.
التصنيفات
Гусл – верски дефинирано капење