„Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го…

„Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го праша Пратеникот, а тој му одговорил: „Нека си ги измие гениталиите и нека земе абдест“

Од Али, радијаллаху анху, се пренесува: „Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го праша Пратеникот, а тој му одговорил: „Нека си ги измие гениталиите и нека земе абдест“. Во Бухари е забележано: „Тој рекол: ,Земи абдест и измиј ги гениталиите.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Али, радијаллаху анху, нè известил дека често му излегувала течност „мезиј“ – а тоа е бела, ретка течност која излегува од половиот орган заради сексуална возбуденост или пред ејакулација за време на интимните односи, и не знае што да направи кога таа излегува, бидејќи се срами да го праша Аллаховиот пратеник, алејхи селам, затоа што тој е маж на Фатима, ќерката на Веровесникот, алејхи селам, па затоа, му рекол на Микдад бин Есвед, тој да го праша Аллаховиот пратеник, алејхи селам, за тоа, и Пратеникот, алејхи селам, му одговорил: Да ги измие гениталиите а потоа да земе абдест.

فوائد الحديث

Вредноста на Али бин ебу Талиб, радијаллаху анху, кого срамот не го спречил да не го постави прашањето преку посредник.

Дозволено е да прашаме за одговор преку медијатор-посредник.

Дозволено е да каже човек за себе, нешто од што се срами, поради општ интерес.

Течноста која излегува пред ејакулација е нечиста, и мора да се измие како од телото така и од облеката.

Истекувањето на „мезиј“ е причина за губењето на абдестот.

Обврска е да се измие половиот орган и тестисите, како што е спомнато во еден друг хадис.

التصنيفات

Отстранување на нечистотиите