إعدادات العرض
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр во количина од еден саʿа урми или еден саʿа јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за дете и…
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр во количина од еден саʿа урми или еден саʿа јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за дете и возрасен од муслиманите. И нареди да се подели пред излегувањето на луѓето на намаз.“
Од Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, се пренесува дека рекол: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр во количина од еден саʿа урми или еден саʿа јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за дете и возрасен од муслиманите. И нареди да се подели пред излегувањето на луѓето на намаз.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî සිංහල Kiswahili Tiếng Việt অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ಕನ್ನಡ Svenskaالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го пропишал зекатул фитр по месецот рамазан, во количина од еден саʿа, што одговара на четири мудда. Мудд е количина што ја собираат двете дланки на просечен маж. Зекатул фитр се дава во количина од четири вакви мудда – од урми или јачмен – за секој муслиман: слободен или роб, маж или жена, дете или возрасен. Ова се однесува на оној што поседува повеќе од потребното за исхрана за себе и за оние што ги издржува, во текот на еден ден и една ноќ. Наредил да им се подели на сиромашните пред излегувањето на луѓето на бајрамскиот намаз.فوائد الحديث
Зекатул фитр во месецот рамазан е обврска што се издвојува за секој муслиман – дете или возрасен, слободен или роб. За неговото издвојување се задолжени старателот и главата на семејството. Мажот го издвојува за себе, за своите деца и за сите за кои е должен да обезбеди издршка.
Зекатул фитр не е обврска да се издвојува за плодот во утробата, но се препорачува да се даде и за него.
Појаснување дека зекатул фитр се издвојува од она што претставува вообичаена храна за луѓето.
Неопходно е да се подели пред клањањето на бајрамскиот намаз, а најдобро време за тоа е утрото на денот на Бајрамот. Допуштено е да се издвои и еден или два дена пред самиот Бајрам.
التصنيفات
Зекатул фитр