„Кој, на еден верник, ќе му олесни неволја од неволјите на овој свет, Аллах ќе му олесни неволја од неволјите на Судниот ден

„Кој, на еден верник, ќе му олесни неволја од неволјите на овој свет, Аллах ќе му олесни неволја од неволјите на Судниот ден

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој, на еден верник, ќе му олесни неволја од неволјите на овој свет, Аллах ќе му олесни неволја од неволјите на Судниот ден. Кој ќе му помогне на оној што се наоѓа во тешка положба, Аллах ќе му помогне и на дуњалукот и на Ахиретот. Кој ќе го покрие муслиманот, Аллах ќе го покрие и на дуњалукот и на Ахиретот. Аллах му е на помош на својот роб сè додека тој му е на помош на својот брат. Кој ќе тргне по патот на барањето знаење, Аллах ќе му го олесни патот кон Џенетот. И нема да се соберат луѓе во некоја од Аллаховите куќи – читајќи ја Аллаховата Книга и изучувајќи ја меѓу себе – а врз нив да не се спушти смиреност, да не бидат обземени со милост, да не ги опкружат мелеците и Аллах да не ги спомне меѓу оние што се кај Него. А оној кого делата ќе го забават – неговото потекло нема да го забрза.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека наградата што Аллах му ја дава на муслиманот е од иста природа како и неговото однесување кон другите верници. Затоа, оној што ќе му олесни неволја, потешкотија или мака на некој верник во овој свет, Аллах ќе му олесни една од неволјите на Судниот ден. Оној кој ќе му олесни некому што е во тешка положба, ќе му ја ублажи маката и ќе му ја отстрани тешкотијата – Аллах ќе му олесни и на дуњалукот и на Ахиретот. И кој ќе го покрие муслиманот – на пример, ако дознае за нешто од неговите грешки и слабости што не треба да се обелоденуваат – Аллах ќе го покрие и него и на дуњалукот и на Ахиретот. Аллах му помага на Својот роб, сè додека тој му е на помош на својот брат – било во верските или овоземните потреби. Помошта може да се укаже преку дова, телесно, со имот или на кој било друг начин. И кој ќе тргне по патот на учењето на шеријатско знаење, со искрена намера барајќи го Аллаховото лице – Аллах ќе му го олесни со тоа патот кон Џенетот. И нема да се соберат луѓе во некоја од Аллаховите куќи – читајќи ја Аллаховата Книга и изучувајќи ја меѓу себе – а врз нив да не се спушти смиреност и спокој, да не бидат обземени и опфатени со милост, да не ги опкружат мелеците, и Аллах да не ги спомне меѓу блиските што се кај Него. А доволна почест за робот е тоа што Аллах ќе го спомне во возвишеното друштво. А оној чии дела се нецелосни, нема да може да го достигне степенот на оние што имаат дела. Затоа, не треба да се потпира на чесното потекло и доблеста на своите предци, а притоа да ги запоставува делата.

فوائد الحديث

Ибн Декик ел-Ид рекол: „Ова е величествен хадис кој обединува различни видови знаења, правила и етички начела. Во него се нагласува важноста на исполнувањето на потребите на муслиманите и да бидеме корисни според можноста – било преку знаење, имот, помош, насочување кон она што е од корист, совет или слично.“

Поттик за олеснување на оној што се наоѓа во тешка положба.

Поттик за помагање на муслиманот и дека Аллах му помага на оној што му помага на својот брат според тоа колку му помага.

Еден од начините на покривање на муслиманот е да не се следат неговите слабости и недостатоци. Пренесено е од некои од претходниците дека рекле:

„Сретнав луѓе кои немаа видливи слабости, но зборуваа за слабостите на другите, па и за нив почна да се зборува. А сретнав и луѓе што имаа свои слабости, но се воздржуваа од спомнување на туѓите, па и нивните беа заборавени.“

Покривањето на луѓето не подразбира оставање на злото без да се промени. Напротив – треба да се промени, но истовремено да се покрие. Тоа важи за оној кој не е познат по расипништво и упорност во грешењето. Додека оној што е познат по тоа, не е препорачливо да се покрива, туку неговиот случај треба да се пријави на надлежните, доколку не се стравува од поголема штета. Зашто покривањето на таквиот го охрабрува на расипништво, го поттикнува на нанесување штета на луѓето и ги охрабрува и другите злобници и непокорни.

Поттик за барање знаење, читање на Куранот и негово меѓусебно изучување.

Ен-Невеви рекол: „Овој хадис е доказ за доблеста на собирањето за учење на Куранот во џамија... А под оваа, иншаллах, потпаѓа и собирањето во училиште, линиите на фронтот и слични места.“

Аллах ја поврзал наградата со делата, а не со потеклото.

التصنيفات

Вредноста на знаењето