إعدادات العرض
„Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“
„Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“
الترجمة
العربية Bosanski English فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو हिन्दी 中文 Kurdî Português Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt ગુજરાતી Kiswahili አማርኛ پښتو සිංහල Hausa ไทย Tagalog മലയാളം नेपाली Magyar ქართული తెలుగుالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној што има повеќе од една сопруга, а не постапува праведно меѓу нив според своите можности – во поглед на издршката, живеалиштето, облеката и ноќевањето – на Судниот ден ќе биде казнет така што неговото тело ќе биде навалено на едната страна. Оваа накривеност ќе биде последица на неговата неправда, како што бил наклонет кон едната во својот однос.فوائد الحديث
Мажот е должен да постапува праведно во распределбата меѓу своите две или повеќе сопруги и забрането му е да биде наклонет кон едната на сметка на другата во она што е во негова контрола, како што се издршката, ноќевањето, однесувањето и слично.
Изедначувањето во правата и распределбата важи за она што човекот го поседува и може да го контролира, додека љубовта и наклонетоста на срцето не спаѓаат во тоа. Ова е значењето на Аллаховите зборови:
„Вие нема да можете кон сопругите свои потполно еднакво да постапувате, колку и да го сакате тоа.“ (Ен Ниса, 129)
Наградата или казната ќе бидат според делото – оној што во овој свет бил наклонет кон едната сопруга на сметка на другата, на Судниот ден ќе дојде со накривена страна.
Опасноста од невнимание на правата на луѓето и тоа дека тие не се простуваат лесно, бидејќи се засноваат на лични права и строгата правда.
Пожелно е човекот да се ограничи на една сопруга доколку стравува дека нема да може да биде праведен меѓу нив, за да не направи пропуст во верата. Возвишениот Аллах вели:
„А ако се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш само со една.“ (Ен Ниса, 3)
التصنيفات
Брачниот сп