,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него

,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него

Од Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога рече: ,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него."

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнал оние кои имаат способност за интимност и можност да ги сносат трошоците на бракот, да стапат во брак. Тоа е најдобриот начин да се заштити погледот од забранетото и да се сочува човекот од гревовите и неморалот. А за оној кој не може да ги сноси трошоците на бракот, но има потреба од него, препорачано е да пости. Бидејќи постот ја намалува страста и помага во контролирањето на нагоните.

فوائد الحديث

Исламот се грижи за причините кои водат до чедноста и заштитата од неморал.

Ги поттикнува оние кои не се во можност да ги сносат трошоците на бракот да постат, бидејќи постот ја намалува страста и го намалува нагонот.

Во хадисот споменатата споредбата помеѓу постот и кастрацијата (постапка која подразбира уништување на функцијата на тестисите за да се намали нагонската желба) се објаснува така што, како што кастрацијата ја отстранува страста преку уништувањето на нејзиниот извор, на тој начин и постот ја слабее страста и го контролира нагонот за интимност.

التصنيفات

Вредноста на постот, Вредноста на бракот