„Стави ја раката на местото каде те боли, и кажи трипати: „Бисмиллах“ (Во името на Аллах) и кажи седумпати: „Еузу биллахи ве кудретихи мин шерри ма еџиду ве…

„Стави ја раката на местото каде те боли, и кажи трипати: „Бисмиллах“ (Во името на Аллах) и кажи седумпати: „Еузу биллахи ве кудретихи мин шерри ма еџиду ве ухазиру“ (Барам заштита со Аллаховата моќ од злото кое го чувствувам и од кое стравувам)

Од Осман ибн Ебу ел-Ас ес-Секафи, радијаллаху анху, се пренесува дека му се пожалил на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за болката што ја чувствувал во телото откако станал муслиман. Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол: „Стави ја раката на местото каде те боли, и кажи трипати: „Бисмиллах“ (Во името на Аллах) и кажи седумпати: „Еузу биллахи ве кудретихи мин шерри ма еџиду ве ухазиру“ (Барам заштита со Аллаховата моќ од злото кое го чувствувам и од кое стравувам).

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Осман ибн Ебу ел-Ас добил болка од која за малку ќе умрел, па Пратеникот дошол да го посети и го подучил со дова со која Аллах ќе ја отстрани од него болеста. Треба да ја стави раката на местото каде што го боли и да каже: „Бисмиллах“ (Во името на Аллах) трипати, потоа седумпати да каже: „Еузу“ (Барам засолниште) прибегнувам и се држам и се заштитувам „Биллахи ве кудретихи мин шерри“ (со Аллах и Неговата сила од злото на она што го чувствувам) од болката која сега ја чувствувам „Ве ухазиру“ (и од кое стравувам) и се плашам од нејзиното појавување во иднина, како што се стравот и тагата, или од тоа да продолжи оваа болест и да се прошири низ целото тело.

فوائد الحديث

Пожелно е човек да користи „Рукја“ (шеријатско исцелување) за себе, како што е споменато во хадисот.

Жалбата – без приговор или незадоволство – не е во спротивност со потпирањето врз Аллах и трпението.

Довата е едно од средствата за постигнување на доброто и затоа треба да се придржуваме кон нејзините зборови и бројот на повторувања.

Оваа дова е за болка на кој било орган на телото.

Ставете ја раката на болното место кога ја кажувате оваа дова.

التصنيفات

Шеријатска рукја