إعدادات العرض
„Верникот кој го рецитира Куранот е како цитрусот – мирисот му е убав и вкусот му е пријатен, а верникот кој не чита Куран е како урмата – нема мирис, но неговиот…
„Верникот кој го рецитира Куранот е како цитрусот – мирисот му е убав и вкусот му е пријатен, а верникот кој не чита Куран е како урмата – нема мирис, но неговиот вкус е убав и сладок
Ебу Муса ел Ешариј, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот кој го рецитира Куранот е како цитрусот – мирисот му е убав и вкусот му е пријатен, а верникот кој не чита Куран е како урмата – нема мирис, но неговиот вкус е убав и сладок. Лицемерот кој го рецитира Куранот е како босилекот, чиј мирис е убав, а вкусот горчлив, и лицемерот кој не го чита Куранот е како дива тиквата (колоцинт), нема мирис, а вкусот му е горчлив.“
الترجمة
العربية Bosanski English فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Español Kurdî Português සිංහල Svenska ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá ئۇيغۇرچە Tiếng Việt Hausa Kiswahili پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or Malagasy Čeština नेपाली Oromoo Română Nederlands Soomaali తెలుగు മലയാളം Српски ไทย Kinyarwanda ಕನ್ನಡ Lietuvių Wolof ქართული Magyar Moore Українськаالشرح
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека луѓето се делат во неколку категории, кога станува збор за учењето на Куранот и имањето корист од него. Првата група: верникот кој го чита Куранот и работи според него. Тој е сличен на цитрусот, со пријатен вкус и мирис и убава боја. Неговите придобивки се многубројни, бидејќи постапува според она што го чита и што им е од корист на Аллаховите робови. Втората група: верникот кој не го чита Куранот. Тој е сличен на урма која има сладок вкус, но нема мирис. Срцето на овој верник содржи верување исто како што урмата има пријатен вкус, но нема мирис кој луѓето би го почуствувале, бидејќи тој не го рецитира Куранот, и тие не го слушаат од него. Третата група: лицемерот кој го чита Куранот. Тој е како босилекот кој има убав мирис, но има горчлив вкус. Затоа што лицемерот не го насочил срцето кон верувањето и не постапува според Куранот, туку само на луѓето им се претставува како верник. Убавиот мирис овде се споредува со цитирањето на Куранот, а горчливиот вкус е неговото неверие. Четврта група: лицемерот кој не го чита Куранот. Дивата тиквичка одговара на неговиот опис бидејќи нема ни освежителен мирис ниту пријатен вкус. Тој што не го рецитира Куранот е како дива тиква која нема пријатен мирис, а неговото неверство соодветствува со горчината на нејзиниот вкус. Затоа, неговата внатрешност е духовно празна, а надворешноста е бескорисна, згора на тоа, тој е штетен.فوائد الحديث
Укажување на вредноста на хафизот (тој што го знае целиот Куран напамет) и кој работи по неговите прописи.
Една од методите на подучување е со давањето пример, за да се приближи значењето.
Муслиманот мора постојано да чита одредени пасуси од Аллаховата книга.
التصنيفات
Вредноста на грижата за Куранот