„Кој ќе се заколне и во својата заклетва ќе рече: ,Се колнам во Лат и Узат‘, нека изговори: ,Ла илахе иллаллах‘. А кој ќе му рече на својот другар: ,Дојди да се…

„Кој ќе се заколне и во својата заклетва ќе рече: ,Се колнам во Лат и Узат‘, нека изговори: ,Ла илахе иллаллах‘. А кој ќе му рече на својот другар: ,Дојди да се коцкаме‘, нека даде садака.“

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се заколне и во својата заклетва ќе рече: ,Се колнам во Лат и Узат‘, нека изговори: ,Ла илахе иллаллах‘. А кој ќе му рече на својот другар: ,Дојди да се коцкаме‘, нека даде садака.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредува на опасноста од заколнување во нешто друго освен Аллах, нагласувајќи дека верникот не треба да се заколнува освен во Аллах. Тој исто така појаснува дека, ако некој се заколне во нешто друго освен Аллах, на пример да рече: „Се колнам во Лат и Узат“ – идоли кои се обожувале во периодот на незнабоштвото пред исламот – треба веднаш да изговори: „Ла илахе иллаллах“, со што ќе се ослободи од ширкот и ќе го искупи гревот направен со таквата заклетва. Понатаму, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека ако некој му рече на својот другар: „Дојди да играме коцка“ – игра во која две или повеќе лица се натпреваруваат, а победникот добива одредена сума пари додека другите губат – треба да даде садака како искупување за гревот на повикот кон таквата игра.

فوائد الحديث

Заколнувањето е дозволено само во Аллах, во Неговите имиња и Неговите својства.

Заколнувањето во нешто друго освен Аллах е строго забрането, без разлика дали се работи за заколнување во идоли како Лат и Узат, во аманетот, во Пратеникот или во нешто друго.

Ел-Хатаби рекол: „Заклетвата треба да биде исклучиво во име на Оној кој е обожуван и возвишен. Ако некој се заколне во Лат или нешто слично, тој постапува како незнабошците. Затоа е задолжително да се поправи со изговарање на зборовите на тевхидот.“

Оној кој се заколнал во нешто друго освен Аллах не треба да дава искупување (кефара), туку е должен искрено да се покае и да бара прошка, бидејќи таквиот грев е многу поголем и не може да се откупи освен со искрено покајание.

Коцкањето, во сите негови форми и начини, е строго забрането. Аллах го забранил и го споменал во Куранот заедно со алкохолот и идолопоклонството.

Човекот е должен веднаш да се поврати од гревот откако ќе го направи.

Оној кој ќе направи лошо дело, треба да го надомести така што веднаш после него ќе направи добро дело, бидејќи добрите дела ги бришат лошите.

التصنيفات

Забранети зборови и штетноста на јазикот