„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секогаш кога ќе беше ставен пред избор помеѓу две работи, ја одбираше полесната – сè додека во неа немаше грев. А ако…

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секогаш кога ќе беше ставен пред избор помеѓу две работи, ја одбираше полесната – сè додека во неа немаше грев. А ако во нешто имаше грев, тој најмногу се оддалечуваше од тоа

Мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секогаш кога ќе беше ставен пред избор помеѓу две работи, ја одбираше полесната – сè додека во неа немаше грев. А ако во нешто имаше грев, тој најмногу се оддалечуваше од тоа. Никогаш не се одмаздил за нешто лично – освен кога ќе беше погазен некој Аллахов пропис, тогаш се одмаздуваше во името на Аллах.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – пренесува дел од моралните одлики на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Таа вели дека секогаш кога ќе се најдеше пред избор помеѓу две нешта, го одбираше полесното – сè додека тоа не беше грев. А ако беше грев, тогаш најмногу се оддалечуваше од него и го избираше потешкото. Исто така, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не се одмаздуваше за лична навреда. Напротив – простуваше и преминуваше преку неа. Но, кога ќе се погазеше нешто од Аллаховите граници, тогаш се одмаздуваше (според исламскиот верозакон) заради Аллах и најмногу се лутеше поради тоа.

فوائد الحديث

Препорачливоста на одбирање полесна опција во работите, сè додека тоа не подразбира непокорност кон Аллах.

Исламот е вера на леснотија.

Пропишаноста на гневот заради Аллах.

Од одликите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се благоста, трпението и цврстата посветеност на вистината во спроведувањето на Аллаховите прописи.

Ибн Хаџер рекол: „Во ова има поттик да се избегнува тешкото и да се задоволиме со полесното, без инсистирање на она што не е неопходно.“

Поттик на простување, освен кога станува збор за Аллаховите права.

التصنيفات

Храброста на Божјиот пратеник, мир и благослов над него, Нежноста на Божјиот пратеник према другите