Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево

Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево

Од Осман ибн Ебул Ас, радијаллаху анху, се пренесува: дека дошол кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и му рекол: „,О Аллахов Пратенику, шејтанот се испречува помеѓу мене и мојот намаз и моето читање (Куран), и ми ги меша мислите.‘ Па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево (со лесно исфрлување на здив, без плунка).‘“ Осман рекол: „Па го направив тоа, и Аллах го оддалечи од мене.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Осман ибн Ебул Ас, радијаллаху анху, дошол кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, и му рекол: „О Аллахов Пратенику, шејтанот ме одвојува од мојот намаз, ме спречува да бидам смирен, ми го меша она што го рецитирам и ме тера на сомнеж во него.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш тоа и ќе забележиш дека се случува, тогаш држи се за Аллах – побарај заштита кај Него, и плукни налево (со малку плунка) трипати.“ Осман, радијаллаху анху, вели: „Па го направив она што ми го нареди Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и Аллах го оддалечи од мене.“

فوائد الحديث

Важноста на смиреноста и присуството на срцето во намазот, и тоа дека шејтанот се труди да го одвлече вниманието на верникот, внесувајќи му збунетост и сомнежи во намазот.

Препорачливо е да се побара заштита од шејтанот кога ќе внесе сомнежи во намазот (да каже: Е'узу биллахи Минеш-Шејтанир-Раџим), и се плука (лесно) налево трипати.

Објаснување дека асхабите на Пратеникот, сааллаху алејхи ве селем, секогаш му се обраќале нему при појава на проблеми (или нејаснотија) – за тој да им ги реши и разјасни.

Срцата на асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беа живи, и нивната најголема грижа беше Ахиретот (оној свет).

التصنيفات

Џини, Опис на намазот, Вредностите на зикрот, Дови за вонредни ситуации