,Внимавајте! Алкохолот отсега е забранет!‘

,Внимавајте! Алкохолот отсега е забранет!‘

Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Бев тој што им точеше пијалак на луѓето во куќата на Ебу Талха, а нивниот пијалок тогаш беше ,фадих‘ – неферментиран алкохолен пијалок од урми. Тогаш Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испрати гласник кој повика: ,Внимавајте! Алкохолот отсега е забранет!‘ Ебу Талха ми рече: ,Излези и истури го!‘ Излегов и го истурив – и алкохолот потече по улиците на Медина. Некои од луѓето рекоа: ,Има такви што починаа, а алкохолот сè уште им беше во стомаците!‘ Тогаш Аллах објави: ,Тие што веруваат и добри дела прават немаат никаков грев во тоа што го изеле и испиле пред забраната...‘ до крај на ајетот.“ (Ел-Маиде, 93)

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека бил задолжен за точење пијалак на луѓето кои биле во куќата на сопругот на неговата мајка – Ебу Талха, Аллах нека е задоволен со него. Во тоа време, нивниот алкохол бил фадих – пијалак од мешавина на урми и недозреани урми. Тогаш се појавил гласникот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и повикал: „Внимавајте! Алкохолот отсега е забранет!“ Ебу Талха ми рече: „Излези и истури го!“ Излегов и го истурив. Алкохолот се разлеа низ улиците на Медина. Некои луѓе рекоа: „Некои од асхабите починаа, а алкохолот сè уште беше во нивните стомаци!“ Тогаш Аллах објави: „Тие што веруваат и добри дела прават немаат никаков грев во тоа што го изеле и испиле пред забраната...“ до крај на ајетот. (Ел-Маиде, 93) Што значи дека на оние што веруваа не им се запишува грев за тоа што го јаделе и пиеле од алкохолот – пред тој да биде забранет.

فوائد الحديث

Хадисот ја истакнува вредноста на Ебу Талха и останатите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, а која се огледа во тоа што веднаш и без двоумење одговориле на Аллаховата наредба – и токму таква треба да биде реакцијата на вистинскиот муслиман.

Зборот алкохол (хамр) опфаќа сè што опива.

Фадих е пијалак подготвен од буср – односно мешавина од зрели и недозреани урми, кој не е варен. Буср се плодови на палма пред целосно да омекнат и да созреат.

Ибн Хаџер пренесува од Мухелеб: „Алкохолот бил истурен по улиците за јавно да се покаже неговото напуштање и отфрлање – и тоа било покорисно, дури и ако се предизвикала мала непријатност, затоа што во тоа имало општа полза.“

Овој настан сведочи за Аллаховата милост кон Неговите робови – бидејќи тој не ги казнува за дела направени пред да биде објавен шеријатскиот пропис.

Возвишениот Аллах го забранил алкохолот поради неговите бројни штетни последици врз разумот и имотот – а поради губењето на разумот, човекот лесно може да направи разни гревови.

التصنيفات

Причини за објавување, Забранети пијалоци