إعدادات العرض
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа
Ебу Јала, Шедад бин Евс, радијаллаху анху, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно, направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното.“
الترجمة
العربية Español አማርኛ English اردو Indonesia বাংলা Français Türkçe Русский Bosanski සිංහල हिन्दी 中文 فارسی Tiếng Việt Tagalog Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ ไทย Deutsch پښتو অসমীয়া Shqip Nederlands ગુજરાતી Кыргызча नेपाली Lietuvių دری Српски тоҷикӣ Kinyarwanda Română Magyar Čeština Moore Malagasy Oromoo ಕನ್ನಡ Wolof Azərbaycan O‘zbek Українська ქართული ភាសាខ្មែរ Bambara ਪੰਜਾਬੀ मराठी Kirundi Kurmancî Bahasa Melayuالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека Аллах ни наредил добродетелство во сите работи, а добродетелство е: постојано да внимаваме на Аллаховите надгледување, во ибадетите кон Него, или со секој чин на добродетелсво и да не ги малтретираме останатите суштества, а тоа се однесува и кога убиваме или колеме. Добродетелство дури и кога се извршува егзекуција како казна за убиство: така што ќе се одбере брз, најлесен и најмалку мачен начин на егзекуција. Додека добродетелство кога колеме некое животно е: да го наостриме ножот пред колењето, да не го остриме предметот пред животното додека тоа гледа во истиот, и да не го колеме додека има некој кој поминува и може да го види чинот на колењето.فوائد الحديث
Аллаховата милост и добрина кон созданијата.
Добрина дури и кога вршиме егзекуција и колење така што ќе го направиме на пропишан начин.
Шеријатот е совршен и ги опфаќа сите добрини, меѓу останатото е: милост и убаво постапување кон животните.
Забрана на унаказување на човечкото тело откако ќе биде убиен.
Забрана на сите облици на измачување на животното.
