„Повикувач ќе повика: ,Ќе бидете здрави и никогаш нема да се разболите, ќе живеете и никогаш нема да умрете, ќе бидете млади и никогаш нема да остарите, ќе уживате во…

„Повикувач ќе повика: ,Ќе бидете здрави и никогаш нема да се разболите, ќе живеете и никогаш нема да умрете, ќе бидете млади и никогаш нема да остарите, ќе уживате во животот и никогаш нема да страдате.‘

Од Ебу Сеид ал-Худри и Ебу Хурејре, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Повикувач ќе повика: ,Ќе бидете здрави и никогаш нема да се разболите, ќе живеете и никогаш нема да умрете, ќе бидете млади и никогаш нема да остарите, ќе уживате во животот и никогаш нема да страдате.‘ Такви се и зборовите на Возвишениот Аллах: ,И на нив ќе им се повика: Тој Џенет во наследство го добивте за тоа што го правевте.‘“ (Ел Араф: 43)

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол дека повикувач ќе ги повика жителите на Џенетот додека тие уживаат таму: „Ќе бидете здрави и никогаш нема да се разболите во Џенетот, без разлика колку мала да е болеста. Ќе живеете и никогаш нема да умрете таму, дури и ако тоа е сон, кој претставува мала смрт. Таму ќе бидете млади и никогаш повеќе нема да се остарите. Таму ќе уживате и никогаш нема да тагувате или да бидете разочарани. Ова е она за кое Возвишениот Аллах рекол: ,И на нив ќе им се повика: Тој Џенет во наследство го добивте за тоа што го правевте.‘“ (Ел Араф: 43).

فوائد الحديث

Најголеми пречки за задоволствата на овој свет, колку и да е луксузен животот на човекот, се четири работи: болеста, смртта, староста, жалта и тагата поради страв од непријателот, сиромаштијата, војната и други работи. Жителите на Џенетот се безбедни од овие работи, и тие ќе го имаат најпотполното задоволство.

Различно е уживањето во Џенетот и уживањето на овој свет; затоа што уживањето во Џенетот е без страв, додека уживањето на овој свет е привремено и е пропратено со болки и болести.

Поттик на добри дела кои водат кон уживањето во Џенетот.

التصنيفات

Опис на Џенетот и Џехене