„Кога жителите на Џенетот ќе влезат во него, Возвишениот Аллах ќе рече: „Дали сакате нешто повеќе?

„Кога жителите на Џенетот ќе влезат во него, Возвишениот Аллах ќе рече: „Дали сакате нешто повеќе?

Од Сухејб, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога жителите на Џенетот ќе влезат во него, Возвишениот Аллах ќе рече: „Дали сакате нешто повеќе?“ Жителите ќе одговорат: „Зарем не ни ги направи лицата светли? Нè воведе во Џенетот и нè спаси од огнот?“ И кажа: „Тогаш ќе се отстрани завесата и нема да им се даде ништо помило од гледањето на својот Господар, Семоќниот и Величествениот“.

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нè известува дека кога жителите на Џенетот ќе влезат во Џенет, Возвишениот Аллах ќе им рече: „Сакате ли да ви дадам нешто повеќе?“ Сите жители на Џенетот ќе речат: „Зарем не нѝ ги обели лицата? Нѐ воведе во Џенетот и нѐ спаси од Џехенемот?“ Аллах ќе го отстрани превезот и ќе го подигне; а тој превез е во вид на светлост, и нема да им биде дадено ништо помило од гледањето во својот Господар, Семоќниот и Величествениот.

فوائد الحديث

Откривањето на превезот за жителите на Џенетот за да го видат својот Господар. Што се однесува до неверниците, тие се лишени од тоа.

Најголемото уживање во Џенетот е кога верниците ќе го видат својот Господар.

Сите жители на Џенетот, без разлика на нивниот статус, ќе го видат својот Господар, Семоќниот и Севишниот.

Аллах ги благословил верниците со тоа што ги вовел во Џенетот.

Важноста да се побрза кон Џенетот преку добрите дела и послушност кон Возвишениот Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

التصنيفات

Опис на Џенетот и Џехене