„Божјиот пратеник, алејхи селам, го спомнуваше Аллах во секоја ситуација.“

„Божјиот пратеник, алејхи селам, го спомнуваше Аллах во секоја ситуација.“

Аиша, радијаллаху анха, вели: „Божјиот пратеник, алејхи селам, го спомнуваше Аллах во секоја ситуација.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аиша, радијаллаху анха, мајката на правоверните, нè известува дека Божјиот Пратеник, алејхи селам, вложувал исклучителен труд да Го спомнува Аллах Возвишениот, и тоа го правел во секаква состојба, во секое време и на секое место.

فوائد الحديث

Не е условена чистота, било мала (абдест) или голема (гусул), за да Го спомнуваме Аллах, Возвишениот.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, бил истраен во спомнувањето на Возвишениот Аллах.

Поттик често да Го спомнуваме Аллах Возвишениот, во секоја ситуација, следејќи ја праксата на Пратеникот, алејхи селам. Од ова треба да се исклучат некои состојби во кои се забранува зикрот, како на пример кога вршиме физиолошка потреба.

التصنيفات

Прописите поврзани со Куранот и мусхафите