إعدادات العرض
„Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“
„Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“
Ебу Абдулах ел-Џедели раскажува: Ја прашав мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, за однесувањето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па таа рече: „Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“
الترجمة
العربية Bosanski English فارسی Français Русский 中文 हिन्दी Bahasa Indonesia اردو Hausa Kurdî Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری Türkçe አማርኛ বাংলা Malagasyالشرح
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, била прашана за однесувањето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на што таа одговорила: „По природа не беше непристоен, ниту правеше нешто срамно или погрдно – ниту со зборови, ниту со дела. Не се пренапрегнуваше да биде бесрамен, ниту пак тоа го правеше намерно. Не викаше, ниту го креваше својот глас на пазарите. Не возвраќаше на зло со зло – туку одговараше со добрина, простуваше со срце и племенито преминуваше преку навредите.“فوائد الحديث
Претставување на благородниот карактер на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговото дистанцирање од лоши неморални особини.
Поттик на придржување кон благородни манири и одвраќање од недолични однесувања.
Осуда на користењето вулгарен, навредлив и недостоинствен говор.
Осуда на викањето и на грубото кревање на гласот врз луѓето.
Поттик да се возвраќа на лошото со добрина, со проштевање и достоинствено однесување.