„Хасан и Хусеин се првенци меѓу младите жители на Џенетот.“

„Хасан и Хусеин се првенци меѓу младите жители на Џенетот.“

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Хасан и Хусеин се првенци меѓу младите жители на Џенетот.“

[صحيح] [رواه الترمذي وأحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека неговите внуци, Хасан и Хусеин, синовите на Али бин ебу Талиб и Фатима, ќерката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, Аллах нека е задоволен со нив, се првенци меѓу сите што починале млади и влегле во Џенетот во поглед на нивната доблест. Или, дека тие се првенци меѓу младите жители на Џенетот, со исклучок на веровесниците и праведните халифи.

فوائد الحديث

Во хадисот е истакната големата доблест на Хасан и Хусеин, Аллах нека е задоволен со двајцата.

Во коментар на хадисот е речено дека се мисли на тоа дека тие двајца, во времето кога бил изречен хадисот, биле првенци меѓу младите жители на Џенетот од тоа време.

Или дека се подобри од оние за кои нема општа потврда за посебна вредност, како што ја имаат веровесниците и праведните халифи.

Можно објаснување е дека се првенци меѓу оние што поседуваат младешки доблести, како чест, дарежливост и храброст, а не дека се мисли на нивната физичка возраст, бидејќи Хасан и Хусеин починале во зрелоста.

التصنيفات

Вредноста на ехли-бејтот - семејството на Божјиот Пратеник, Аллах нека е задоволен со нив