إعدادات العرض
„Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот…
„Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот на тој и тој.’“
Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот на тој и тој.’“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt ئۇيغۇرچە Hausa Português മലയാളം Kurdî Nederlands Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Română ไทย मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ తెలుగుالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известува дека на Судниот ден, кога Аллах ќе ги собере сите луѓе – од првиот до последниот – за пресметка, секој што изневерил обврска или прекршил завет, било кон Аллах, или кон луѓето, ќе биде јавно разобличен. Над секој измамник ќе биде подигнато знаме – знак на неговата измама – и тој јавно ќе биде прозван пред сите присутни на махшерот: „Ова е предавството на тој и тој, синот на тој и тој!“ Тоа ќе биде понижувачка, јавна ознака на неговото предавство и лошо дело – сведоштво што никој нема да може да го скрие или сокрие.فوائد الحديث
Предавството е строго забрането и спаѓа меѓу големите гревови, бидејќи за него е најавена жестока казна.
Во оваа закана спаѓа секој што ќе ја изневери довербата што му е дадена – било да му е доверен нечиј живот (крв), чест, тајна или имот – па ја предаде и не постапи чесно.
Имамот Куртуби вели: „Ова се однесува на Арапите, кај кои постоел обичај да се подигнува знаме – бело за верност, а црно за предавство – со цел да се посрами и разобличи предавникот. Хадисот укажува дека слично ќе се случи и на Судниот ден – предавникот ќе биде јавно обележан и посрамен пред собраниот свет.“
Ибн Хаџер вели: „Хадисот исто така укажува дека на Судниот ден луѓето ќе бидат повикувани по имињата на своите татковци, бидејќи се вели: ,Ова е предавството на тој и тој, синот на тој и тој.’“