„Знам дека си само камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те…

„Знам дека си само камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те бакнам.“

Од Омер, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека дошол до Црниот камен, го бакнал и рекол: „Знам дека си само камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те бакнам.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Владетелот на правоверните, Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, дошол до Црниот камен, кој се наоѓа во аголот на Ќаба, го бакнал и рекол: „Знам дека си обичен камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те бакнам.“

فوائد الحديث

Пропишаноста на бакнување на Црниот камен за оној што извршува таваф, во моментот кога ќе дојде до него – доколку тоа може да се направи без потешкотија.

Целта од бакнувањето на Црниот камен е следење на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

Имамот ен-Невеви рекол: „Смислата е дека каменот е создаден предмет кој сам по себе не носи ниту корист, ниту штета – како и сите други создадени нешта. Омер, Аллах нека е задоволен со него, го кажал ова јавно за време на аџилакот, за да се пренесе во различни земји и да го запомнат луѓето од разни краеви кои дошле на аџилак.“

Ибадетите се шеријатски утврдени – не е дозволено ништо освен она што го пропишале Аллах и Неговиот Пратеник.

Кога некој ибадет е потврден со веродостоен доказ, тој се практикува, дури и ако не ја знаеме неговата мудрост – бидејќи самото покорување и исполнување е дел од целта на ибадетот.

Забрането е – од побожност – да се бакнува нешто што шеријатот не дозволил да се бакнува, како што се камењата и слични предмети.

التصنيفات

Вредноста на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, Прашања и прописи поврзани со хаџот и умрата