„Не сум го видела Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, гласно да се смее па да му се види горниот дел на усната празнина, тој само се насмевнуваше.“

„Не сум го видела Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, гласно да се смее па да му се види горниот дел на усната празнина, тој само се насмевнуваше.“

Од Аиша, мајката на верниците, Аллах нека е задоволен со неа, пренесено е дека кажала: „Не сум го видела Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, гласно да се смее па да му се види горниот дел на усната празнина, тој само се насмевнуваше.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, известила дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не се смеел прегласно до степен да му се види непцето – месестиот дел во горниот дел од грлото, туку само се насмевнувал.

فوائد الحديث

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се насмевнувал кога бил задоволен или кога нешто му се допаѓало.

Ибн Хаџер рекол: „Не сум сретнал дека (некогаш) се смеел толку што целосно да му се препушти на смеењето.“

Прекумерното смеење и гласното кикотење не се одлика на добрите или побожните луѓе.

Честото смеење ја намалува сериозноста и угледот на човекот меѓу неговите браќа.

التصنيفات

Насмевката на Божјиот пратеник, мир и благослов над него