„Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како борецот на Аллаховиот пат или како оној кој ноќе клања, а дење пости.“

„Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како борецот на Аллаховиот пат или како оној кој ноќе клања, а дење пости.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како борецот на Аллаховиот пат или како оној кој ноќе клања, а дење пости.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека оној кој се грижи за жената чиј сопруг починал, која нема кој да се залага за нејзините потреби и тој што се грижи за сиромавиот, финансиски помагајќи ги и надевајќи се на Аллаховата наградата – таквиот ќе биде награден како оној што се бори на Аллаховиот пат, како оној кој незаморно клања ноќен намаз и оној кој непрестајно пости.

فوائد الحديث

Поттик на меѓусебно помагање и подршка во исполнување на потребите на најзагрозените.

Ибадетот го опфаќа секое добро дело, а дел од ибадетот е да се грижиме за вдовиците и сиромашните.

Ибн Хубејра рекол: овде се мисли дека Возвишениот Аллах ќе му ја соедини на тој човек наградата на постачот, на тој што клања ноќен намаз и на тој што се бори на Аллаховиот пат во едно. Затоа што тој се грижел за вдовицата наместо нејзиниот сопруг и се грижи за сиромашните кои не се во состојба сами да се снајдат. На нив го троши и го дели својот имот, а користа што ја прави е еднаква на тој што пости, клања ноќе и се бори.

التصنيفات

Вредностите на телесните дела