إعدادات العرض
,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на…
,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на дланките и на крајот го протри лицето.“
Амар бин Јасир, радијаллаху анху, рекол: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ме испрати да завршам некоја работа. Станав џунуб и бидејќи немав вода, легнав на земјата и се тркалав како што го прави тоа животното. Кога се вратив, му раскажав на Аллаховиот пратеник, што направив, а тој ми рече: ,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на дланките и на крајот го протри лицето.“
[صحيح] [متفق عليه]
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Kiswahili සිංහල Svenska ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or Malagasy नेपाली Čeština Oromoo Română Nederlands Soomaali తెలుగు മലയാളം Lietuvių Српски ไทย Kinyarwanda Shqip ಕನ್ನಡ Wolof Українська Moore ქართული Magyar தமிழ் Azərbaycanالشرح
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, еднаш го испрати Амар бин Јасир на патување со цел да заврши некои од неговите работи. На патувањето Амар станал џунуб преку сексуален однос или ејакулација, а немал вода за капење. Знаел дека треба за земе тејемум наместо абдест, но не знаел како да постапи кога треба да земе тејемум во состојба на голема нечистотија (џунуб). Тој мислел дека, како што при абдест се мијат одредени делови на телото, при тејемум целото тело мора да биде допрено со земја, затоа што при гусул целото тело се мие со вода. Аналогно на тоа, тој се тркалал на земја се додека целото тело не ја допрело земјата, а потоа го клањал намазот. Кога се вратил кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам, му спомнал како постапил, за да види дали постапил исправно или не. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, потоа му објаснил дека земање тејмум наместо абдест или гусул е на следниот начин: еднаш да се допре земјата со дланките на рацете, потоа со левата дланка да се трие десната, и обратно надворешниот и внатрешниот дел од дланките и на крајот да се истрие лицето.فوائد الحديث
Обврска е да побараме вода пред да земеме тејемум.
Тејемум е пропишан за џунуб кој не може да најде вода за бањање.
Тејемумот се користи и за голема и за мала нечистотија.